петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЗА ОВОЈ ЛУКСУЗ СЕ ФРЛЕНИ БРДО ПАРИ, А ЦЕЛИОТ ЧИНИ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА – во овој стан живее Ана Николиќ, во еден детаљ на масата буквално и вие ќе зумирате (ФОТО)

ЗА ОВОЈ ЛУКСУЗ СЕ ФРЛЕНИ БРДО ПАРИ, А ЦЕЛИОТ ЧИНИ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА – во овој стан живее Ана Николиќ, во еден детаљ на масата буквално и вие ќе зумирате (ФОТО)

Пејачката Ана Николиќ од самиот почетокот на кариерата важи за една од најпопуларните музички ѕвезди во регионот, а многуте работни успеси во кариерата и овозможиле да имаат луксузен живот како од бајките.

Во тој живот пејачката со години наназад ужива со ќерката Тара која ја доби во бракот со раперот Стефан Ѓуриќ Раста, а медиумите низ годините наназад пишуваат дека живее во луксузен стан во Белград.

Како што претходно пишуваа медиумите популарната пејачка наводно живее во стан од 500 илјади евра, а во неколку наврати пејачката има објавено детали од внатрешноста што го потврдуваат луксузот во него.

Во него доминираат светли тонови, а на прво место е белата, потоа крем, па розовата боја.

Мебелот е во доминантно бела боја, а во дневната соба има и огромен бел стилизиран камин кој служи само како декорација.

Во својот дом пејачката има повеќе огледала, а и голем ходник каде има огромен гардеробер.

Ѕидовите се украсени со уметнички дела, а во нејзиниот стан можат често да се видат и богати букети цвеќиња.

Најнови вести