четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЗА ПОРАНЕШНИОТ СЀ НАЈЛОШО: Зорица Брунцлик со првиот сопруг има ќерка и непријателски однос

ЗА ПОРАНЕШНИОТ СЀ НАЈЛОШО: Зорица Брунцлик со првиот сопруг има ќерка и непријателски однос

Зорица Брунцлик се омажи четири пати, а како што самата во неколку наврати истакнала, целосната среќа ја нашла кај хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.

Малкумина знаат, првиот сопруг на Зорица е исто така хармоникаш, Љуба Кешељ и со него ја има ќерката Миљана.

Поранешните сопружници, како што се пишуваше, не останале во добри односи по разводот. Зорица, наводно, еднаш го обвини Кешељ дека е несовесен татко и дека ја запоставува нивната ќерка, додека тој во интервју рече дека Зорица е лоша мајка.

– Не би сакал да коментирам ништо, особено не обвинувањата на Зорица. Миљана дојде кај мене, а последен пат ми се јави да ме покани на прославата на нејзиниот 18-ти роденден. После тоа, таа повеќе не се јави ниту дојде кај мене. Безброј пати и се јавував, ја барав, но безуспешно. Никој не одговори – истакна тој, па додаде:

– Бев спречен да дојдам до неа на милион начини. Дури ја слушнав Зорица како вели дека ќерка ми Миа, која ја добив со сегашната сопруга Сена Ордагиќ и Миљана, не се сестри. Што повеќе да коментирам? – изјави тој пред неколку години.

Најнови вести