Германскиот суд го одбил преиспитувањето на пресудата што ја побарал германскиот државјанин Алсин Левент, откако тој бил прогласен за виновен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби пејачот Шабан Шаулиќ.
Наводно, судиите утврдиле дека во пресудата не е неправилно применето материјалното право, со што е правосилна и осудениот ќе мора да помине три години зад решетки.
Алсин Левент првично беше осуден на три години и три месеци затвор за двојно убиство од небрежност. Но, во октомври минатата година казната му беше намалена за три месеци, а семејството Шаулиќ беше разочарано и покрај тоа што сметаа дека првичната казна е мала.
-Адвокатот пред судењето ни рече дека пет години се максимум, најверојатно ќе добие околу четири години, на крајот биле три години и три месеци. Тоа беше малку шок за нас. Ова е човек кој не се кае, покажува одбивност кон настанот, цело време гледа во подот и молчи. Пред несреќата извршил околу пет кривични дела. Украл автомобил, возел без возачка дозвола, бил пијан, дрогиран и возел со двојно поголема брзина, изјави Гоца во октомври минатата година и додаде:
„Мислеа дека се доволни три години и три месеци. Беше страшно за нас како семејство. Не постои соодветна казна со која ние би биле задоволни. Ама уништени се три семејства, мизерна е казната е и мала, тие човечки животи се обезвреднети. Не знам дали има врска со тоа што е германски државјанин, сега нема да прејудицирам, но веројатно некаде постои поврзаност. Но, делото е направено. Потоа се пожаливме, побаравме да го смениме во убиство со умисла, што тие одбија. Апелациониот суд пресуди поради текот на времето и поради неговото покажано каење. Не знам каде го покажа каењето. Му ја намалија казната за три месеци„ – изјавила вдовицата на пејачот.