Теа Таировиќ има закажано настапи во текот на годинава низ цела Европа, а летото и беше особено активно бидејќи пееше речиси секој ден.
Но, за неа нема одмор ниту на есен. Таировиќ во текот на ноември ќе одржи три концерти во далечната Австралија од кои, како што дознаваат медиумите, ќе заработи 90.000 евра.
-Директно од срцето на Балканот, конечно пристигна моментот што го чекавте! Теа Таировиќ, сензација која ја воодушеви публиката преку границите, е подготвена за прв пат да ја наелектризира Австралија. Резервирајте ги вашите термини за 3/11 во Перт, 5/11 во Сиднеј или 6/11 во Мелбурн – напишаа организаторите на прекуокеанската турнеја на Теа на Фејсбук.
Таировиќ во изминатите денови настапуваше на црногорското приморје, каде нејзините концерти беа многу посетени.