За време на нејзиното владеење, кралицата Елизабета Втора никогаш официјално не ја посетила Грција, иако била во официјални посети на 110 земји.
Ова не е толку изненадувачки, бидејќи нејзиниот сопруг, принцот Филип, имал комплицирани односи со земјата во која е роден во 1921 година.
Вујкото на Филип, кралот Константин I, бил принуден да абдицира за време на Грчко-турската војна од 1922 година, што ја фрлило целата монархија во неизвесна ситуација. Принцот Ендрју од Грција, таткото на Филип, бил протеран од земјата и морал да побегне со семејството на британски брод за да стигне до Франција.
Падот на монархијата и тензиите меѓу грчкото кралско семејство и владата го спречиле тој и кралицата да дојдат во официјална посета на Грција како владетели на Британија. Сепак, тие ја посетиле Грција приватно во 1952 година, пред доаѓањето на Елизабета на тронот. Не го повториле тоа патување.
Грција не е единствената земја што кралицата одбила да ја посети. За време на нејзиното владеење, таа никогаш не го ни посетила Израел поради израелско-палестинскиот конфликт, во кој никогаш не сакала да заземе страна.
И покрај тоа, принцот Вилијам сепак ја посетил Грција во 2018 година. На црната листа на земјите на кралицата се нашле и Куба, Аргентина, Албанија и Црна Гора.
Кога имала 89 години, таа патувала во повеќе од 110 земји. Нејзината последна посета била на Малта, а после тоа поради лошата здравствена состојба не заминала надвор од Обединетото Кралство.