четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Зад убавото лице на заводникот се криел дрзок човек: На Бали Бег му се заканува казна затвор, еве што направил

Зад убавото лице на заводникот се криел дрзок човек: На Бали Бег му се заканува казна затвор, еве што направил

На актерот Бурак Озџивит, на македонската публика попознат како Бали Бег му се заканува затворска казна до четири години.

Згодниот заводник беше обвинет за инцидентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“.

Во изјавата доставена до судот, пишува дека актерот среде снимање излегол од шаторот и започнал да ги навредува присутните и да ги нарекува со грди имиња. За овие тврдења има неколку сведоци.

Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреди. Сепак, тој ги негираше обвинувањата. Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор.

Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.

Најнови вести