петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Загубил цело богатство: Љуба Аличиќ е магнет за бакшиш и пари, но поради оваа одлука вечно ќе се кае

Загубил цело богатство: Љуба Аличиќ е магнет за бакшиш и пари, но поради оваа одлука вечно ќе се кае

Љуба Аличиќ е на сцената со децении и важи за омилен пејач кога се во прашање приватните, особено ромските прослави.

Тој е и магнет за бакшиш, па затоа е еден од оние кои најмногу заработуваат од забавната индустрија. За време на едно телевизиско гостување, тој призна дека на свадба во Берлин добил дури 25.000 евра за само една песна.

Но, Љуба имал и финансиски неуспеси во животот, па открил дека имал и големи финансиски загуби во животот.

Љуба во 2011 година вложил пари во Фудбалскиот клуб Борац од Шабац, но тој деловен потфат, како што открил, бил грешка.

-Мојата сопруга е домаќинка, никогаш не ја пуштав да работи. И честитам затоа што го издржа Љуба Аличиќ кој повеќе се занимаваше со бизнис отколку што беше дома. Се коцкав, изгубив… Најмногу изгубив кога бев претседател на клубот Борац од Шабац, изгубив повеќе во фудбалот, па тоа ме чинеше над 2 милиони евра, општината не ми даде ништо. Имав проблем со сопругата, кога виде дека ја работам таа спортска работа, рече: „Вака не може“. И нормално, ја почитувам сопругата, многу ја сакам и затоа престанав, изјави пејачот.

Најнови вести