вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Замина на гробот на својот најдобар пријател и ја пушти неговата омилена песна- Тамара не може да се помири со загубата на пејачот

Замина на гробот на својот најдобар пријател и ја пушти неговата омилена песна- Тамара не може да се помири со загубата на пејачот

Поминаа две години заминувањето на македонскиот пејач, актер и водител Влатко Илиевски. На 6-ти јули пред две годин, Влатко беше пронајден без знаци на живот во неговиот автомобил на булевар во скопската општина Аеродром.

Во знак на сеќавање, неговата пријателка и колешка Тамара Тодевска објави емотивен статус во кој ги опиша своите силни чувства на тага по својот најверен пријател кога го посетила неговото вечно почивалиште.

„Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив.

Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, “Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”……. Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде.Те нема. Еве веќе две години.

Нема ден да не помислам на тебе. На Хана и раскажувам многу често за тебе и цело време и викам колку ми е жал што не те памти. На мама другарот. Најдобриот. Никој, никогаш нема да го земе твоето место, зошто ти беше единствен. Моето сино око. Мојот најверен пријател. Мојот натапиран скакулец, мојот Влатче. Вечна ти слава!!!

Најнови вести