Изгоре автомобилот „ренџ ровер“ на најпознатата старлета од Бања Лука, Божана Вујиновиќ.
Пожарот се случил во гаража на трговски центар.
Засега не е позната причината за пожарот на возилото, а повеќе информации се очекуваат по истрагата и завршеното вештачење, пишуваат медиумите.
Божана останала во шок кога во гаражата околу нејзиниот автомобил видела пожарникари и полиција. Со оглед на фактот што е познато каков живот живее, нема да биде проблем да купи нов автомобил или истиот да го добие како подарок, но сепак глетката е непријатна и сигурно ја вознемирила.
Божана е добро позната на јавноста од претходно, пред се поради романсата со Аца Лукас.
View this post on Instagram