Пејачката Ана Николиќ имаше посебна врска со починатиот текстописец Милан Радуловиќ Лаќ, како и со неговата мајка Марина Туцаковиќ.
Во емисијата „Сценирање“, Николиќ откри детали од врската со покојните Лаќа и Марина, како и како тие двајцата, мајка и син, комуницирале.
„Песната „Перспектива“, ја напишала Туцаковиќ кога можеби била свесна дека умира и се чувствувала многу лошо. Текстот го читав додека се возев во кола за Скопје, а кога го слушна и Лаќа заедно почнавме да плачеме среде бензинска пумпа. Солзите сами доаѓаа. Можеби тој текст има најсилна тежина. Можеби многумина не знаат, тоа е одговорот на песната „Adio amore“, која Лаќа ја напиша во некои од неговите лоши состојби. Така разговараа мајка и син“, изјави Ана Николиќ.