Во Белград заврши оставинската постапка за фолк пејачот Шабан Шаулиќ. Како што пишуваат српските медиуми кралот на фолк музиката кој загина во 2019 година, целото богатство и авторските права и ги оставил на сопругата Гордана.
Трите деца, двете ќерки и синот преходно добро ги обезбедил и тие од оставината не добиле ништо.
Во оставинската постапка не бил споменат ни неговиот вонбречен син Роберт кој најавуваше дека сака дел од богатството на својот татко.