Познатиот актер Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина на 54-годишна возраст.
Како што пренесуваат американските медиуми, актерот се удавил во џакузито на својот дом во Лос Анџелес, а кога пристигнала брзата помош можеле само да констатираат смрт.
Обдукцијата е завршена, сега се чекаат резултатите од токсиколошките тестови кои може да потраат неколку недели.
Причината за смртта беше наведена како „одложена“ во очекување на понатамошна истрага и токсиколошки резултати.
Да потсетиме, кога полицијата извршила истрага, во домот на Пери не нашла дрога, туку биле пронајдени разни антидепресиви.
Истрагата за прераната смрт на легендарниот Чендлер се уште трае, а Дејли Мејл пишува дека телото на актерот е предадено на семејството за да се подготви за погребот.