Монограм на новиот британски крал Чарлс Трети е претставен во јавноста на крајот на официјалниот период на жалост поради смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.
Во текот на наредните месеци и години грбот на кралот ќе се појави на владините згради, државни документи и на некои поштенски сандачиња.
Грбот е формиран од првата буква од името на кралот, буквата „С“ која е преплетена со буквата „R“ од латинскиот збор „rex“ – крал. Во средина на буквата „R“ се наоѓа римскиот број „III“ што укажува на Чарлс Трети.
Над буквите е круната. Монограмот е кралска лична сопственост и е избран од повеќе понудени дизајнерски решение изработени од институција задолжена за изработка на кралскиот грб.
Штотската верзија на грбот ќе има над буквите шкотска круна.
Грбот ќе го користата владините служби и кралството за означување пошта. Одлуката за замената на стариот крб на кралицата со новиот ќе биде поединечна за секоја организација.
Процесот ќе биде постепен, а грбот на кралицата уште некое време ќе се најде на јавните згради.