Пејачката Сања Малетиќ е една од естрадните личности која може да се пофали со високо образование, бидејќи дипломирала на Правниот факултет.
Сепак, пеењето отсекогаш и било главна опција. Во потрагата по идеална професија, таа се испробала и во актерството.
Сања почнала да пее кога имала дваесет и три години, што според неа е доцна за таа работа, но дека образованието за неа било најважно.
-Втора опција не постоеше. На моите родители им го давам тоа што им треба, тие ми даваат дозвола за тоа што ми треба. Така почнав многу доцна, мојата приказна започнува на дваесет и три години, иако мислам дека е тогаш добро време, бидејќи училиштето е на прво место, а потоа се останато, изјави Сања, која ги поучи своите млади колеги со еден совет.
-Музиката е добра, но може да излезе од контрола, тоа сакам да им го кажам на овие млади луѓе. Завршуваш школо и ја имаш својата професија, имај го лебот во раце на кој секогаш можеш да се вратиш, затоа што тоа сепак може да биде болест, корона, болно грло. Прво училиште, бидејќи музиката никаде нема да избега, изјави Сања во една емисија.