Поранешната водителка и учесничка во реалните шоуа Тамара Ѓуриќ решила да си го поправи делот од лицето од кој не била задоволна.
Имено, Ѓуриќ објави видео од операционата маса и откри дека решила да си го среди носот поради што беше мета на потсмев, но и самата признала дека имала проблеми.
-Збогум Мајкл Џексон, напиша Ѓуриќ на Инстаграм.
Да потсетиме, Тамара го тужеше естетскиот хирург бидејќи и зел 10.000 евра, а носот не го направил каков што таа посакувала.
-Не реков дека ми го изобличи носот затоа што не сакав да спијам со него. Само реков дека не сакам да си го видам носот, само сакав да ми каже дали може да го реши. Времето помина, но носот остана кренат. Тој вели дека не е грешка, така требало да изгледа. Тоа не беше дел од нашиот договор. Споредбата со Мајкл Џексон е многу честа. Самата најдов сличности, изјави Тамара неодамна во „Нови Викенд Јутру“ со Јована Јеремиќ.