Здравко Чолиќ е познат како миленик на жените уште од неговото појавување на јавната сцена.
На еден од неговите последни концерти, обожавателка го фрли нејзиниот градник на сцената. Не беше прв пат.
Чолиќ во својата четириесетгодишна кариера доби многу вакви подароци. Сега за Blic.rs откри што прави подоцна со градниците кои летаат на сцената.
-Обично го давам тој градник на мојот тапанар, тоа се случува многу. Тоа е убав настан. Тоа е нечија емоција и убаво е кога ќе го добиеш на сред настап. Не дај Боже да го прекинам концертот поради тоа, изјавил Чолиќ.