Александра Младеновиќ пееше на прославата за 33. роденден на Сораја Вучелиќ во Виена, а следбениците веќе со деновите гледаат интересни снимки од овој настан каде бакшишот е во прв план.
Имено, на снимките се гледа како пејачката во една рака го држи микрофонот, а на другата многу пари, кои е тешко да се пребројат.
Некогашната „Ѕвезда на Гранд“ одлучи да проговори и за она што сите ги интересира, па потврдила дека добила околу 5.000 евра бакшиш.
-Вистина е, бакшишот беше добар, но не ми е тоа на прво место. Се поделив со музичарите и битно е што добро си поминавме и дека сите заминаа задоволни – рекла Александра.