Пејачката Ана Кокиќ со години важи за една од најзгодните пејачки на српската естрада, а отсекогаш се трудела да го одржи својот младолик изглед.
Пејачката со својата најнова фотографија на која изгледа речиси совршено ги воодушеви своите следбеници.
Имено, Ана позираше во црвен кожен комбинезон и ги распамети своите следбеници. Таа ги истакна своите атрибути, односно својата витка линија на која може да и позавидат многу млади девојки.
Стајлингот во црвено го комплетираше со минимална шминка и нејзината руса коса и дадоа дополнително заводлив изглед.
Нејзините следбеници прокоментираа дека изгледа како жена мачка во црвен комбинезон и во вакво издание ретко кој може да се појави.