сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

„Жена од султана“ има ново момче- Тијана е во врска со овој пејач (ФОТО)

„Жена од султана“ има ново момче- Тијана е во врска со овој пејач (ФОТО)

Пејачката позната по песната „Жена од султана“, веќе еден месец е во врска со популарен пејач од Бугарија.

Тијана Милентијевиќ од неодамна е во врска со Меди, чие целосно име е Мехмед Огњанов Гогов.

„Тијана не сака да ја открие својата љубов во медиумите, иако полуде по него. По долго време, таа е среќна. Не и е проблем да оди кај него во Софија секоја недела. Или да комуницираат преку видео повик“ – изјавил неименуван извор близок до Тијана и открил како пејачите се сретнале.

-Пред два месеци тие се сретнаа на еден настап во Бугарија и погледите веднаш им заискријаа. Разменија контакти и продолжија интензивно да се допишуваат. Прво разговараа за соработка, а потоа се префрлија на поинтимни теми. Меди ја праша дали има момче, а потоа тој го направи првиот конкретен чекор поканувајќи ја да дојде кај него за викенд во Софија. Тијана отпрвин не сакаше, но на крајот реши да замине и токму тогаш ја започнаа врската.

Истиот извор открива дека Меди е голема sвезда во Бугарија но неговиот менаџерски тим смета дека популарноста на пејачот ќе се намали доколку се открие дека има девојка, па затоа тие се согласија да ја сокријат врската од медиумите.

Сепак, на семејството и пријателите им беше кажано сè.

„Семејството на Тијана го запозна Меди, но преку видео повик бидејќи тој сè уште не бил во Србија. Пејачот планира да дојде наскоро и да биде гостин кај нејзините родители“, вели изворот.

Најнови вести