петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Жена од султана“ му го прости ќотекот: Пејачката се видела со бившото момче што ја претепа

„Жена од султана“ му го прости ќотекот: Пејачката се видела со бившото момче што ја претепа

Пејачката Тијана Милентијевиќ или позната како „Жена од султана“, направи ретроспектива на претходната година, па проговори и за болните теми. Во ова време, пред една година, пејачката беше физички малтретирана од нејзиното поранешно момче кое ја претепа, а за сето тоа јавно проговори.

Пејачката изјавила како се чувствува по трауматичното искуство, но и каков однос има сега со бившиот партнер кој и наштетил.

-Сигурно дека таа случка остави трага, но се трудам да не размислувам за тоа. Мојот живот продолжува, оттогаш помина многу време. Се трудам воопшто да не се оптоварувам и да не се навраќам на тој период“ – изјавила Тијана и признава дека оваа година ќе ја памети по загубата на баба и и дедо и.

„Се видовме, после се’ повторно се сретнавме… Сега еден кон друг најнормално се однесуваме. Се поздравуваме… Ме прашува како сум, што има ново, го прашувам и јас истото, и толку“ – додаде Тијана Милентијевиќ за „Објектив“ за односите со бившото момче.

Најнови вести