Црното здолниште на „Армани“ што го носеше Меган Меркл на интервјуто со Опра Винфри, Британскиот музеј за мода „Бат“ го прогласи за „здолниште на 2021“.
Споменатата креација е во црно бела комбинција со длабоко V-изрезе на деколтето, а посебна ја прави везот на бел цвет на лотос. Војвотката од Сасекс, во тој период бремена со ќеркатат Лилибет, го усогласи здолништето со салонки од брендот „Акваазура“, наруквица од „Картие“ и уште една дијамантска „Картие“ наруквица која порано и припаѓала на принцезата Дијана.
Англискиот музеј Бат од 1963 година па се до денес од модните новинари и уредници бара да изберат здолниште или облека која ја одбележува гоидната и најдобро ги претставува најважните нови идеи во современата мода. Оваа година изборот го направија Ибрахим Камара и Герет Вратон, главен уредник и уметниќки директор на магазинот „Dazed“.
The Armani dress Meghan Markle wore for her bombshell Oprah interview named Dress of the Yearhttps://t.co/Kz5zmaRNw0 pic.twitter.com/CYmvkrOVvd
— Goss.ie (@goss_ie) February 24, 2022
„Во денешната хиперстилизирана поп култура, здолништето на годината има потенцијал да биде и „мем на годината“, и двајцата го прифативме култното интервју на Хари и на Меган со Опра Винфри како дефинитивен момент кој ќе остане засекогаш во британската колективна свест“ – стои во соопштението за изборот.
Интервјуто што беше емитувано во март 2021 година, прикажано е во 70 земји и привлече над 60 милиони гледачи ширум светот.