понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Жените од цел свет полудеа по згодниот актер, но со новата објава ги шокираше – еве за што станува збор (ФОТО)

Жените од цел свет полудеа по згодниот актер, но со новата објава ги шокираше – еве за што станува збор (ФОТО)

Микеле Мороне е човекот кој стои зад доминантниот мафијаш Масимо Торичели, а фановите на филмот „365 дена“ ширум светот останаа воодушевени од неговиот талент, но најмногу од неговиот изглед.

Микеле е роден во Италија, тој не е само актер туку е и пејач. Неколку негови песни, всушност, се прикажани во славниот филм.

Згодниот актер имал различни улоги во италијански филмови, но ниту еден од ликовите што ги глумел досега не го прослави како последниов, кој стана глобален хит.

Тој се ожени со Руба Сааде во 2014 година, но бракот не траеше многу долго и тие се разведоа четири години подоцна.

Микеле е магнет за жените од сите страни на светот. Тој по премиерата на филмот стана најпосакуван маж кај понежниот пол. Затоа, неговата нова објава предизвика хаос и лавина на коментари.

Имено, популарниот актер објави фотографија на Инстаграм на која е гол и е во прегратка на маж.

Судејќи според фотографијата, актерот ужива на плажа, па спорната фотографија е направена по пливање и сончање.

Оваа објава предизвика лавина реакции од обожавателите на Микеле, а повеќето прашања доаѓаа од женскиот дел од популацијата кои сакаа да дознаат дали Мороне е всушност геј.

-Јас сум лажго, напишал италијанскиот актер во описот на фотографијата.

Најнови вести