Младата српска пејачка Теа Таировиќ која се прослави во минатата сезона на “Ѕвездите на Гранд“, овој викенд настапуваше пред македонската публика.
На нејзината агенда најпривин беше Охрид, додека вчеравечер (сабота), Теа пееше и танцуваше пред публиката во една дискотека во Кочани.
Облечена во ултра тесни панталони со реси, споени со миниујатурен топ во гордниот дел, Теа го сервираше сиот свој сексапил, а публиката во која имаше и момци и девојки, не останаа рамнодушни, па полнеа очи се до раните утрински часови.
Како предгрупа на Теа Таироввиќ настапија момците од „Браво бенд“, кои дополнително ја вжештија атмосферата пред атрактивната Србинка.
Таировиќ на Инстаграм објави неколку фотографии и се пофали дека овој викенд е резервирана само за Македонија.