За познатата ТВ водителка,музичар,писател, Сузана Турунџиева, веќе изнесен период јогата и рекреацијата во природа станаа нејзин начин на живот кој го полни нејзиното тело и дух со позитивна енергија.
Сепак, таа покажа дека не ги заобиколува и тренинзите во теретана.
Сузе која со физичкиот изглед е пример и за помладите од неа, храбро го покажува своето фит тело за чии резултати потребна е работа и упорност.
Јога, трчање, пешачење, вежбање на теретана… Се’ од ова се наоѓа на нејзината агенда за здрав начин на живот.
Овој пат на Инстаграм објави фотографија каде е во доста храбро издание, односно носи бикини во теретана додека удира на боксерската вреќа.
„Само јако или оди си дома“- порачува Сузе во описот на фотографијата.
Само напред за овој неуморен дух полн со мотивација!