вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Жестока кавга меѓу Шерифовиќ и Ражнатовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: Сања Димова се претстави со „Зајди зајди“, доби критики, а Цеца распали по жирито: „Многу сте неблагодарни“ (видео)

Жестока кавга меѓу Шерифовиќ и Ражнатовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: Сања Димова се претстави со „Зајди зајди“, доби критики, а Цеца распали по жирито: „Многу сте неблагодарни“ (видео)

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и македонската кандидатка Сања Димова која беше под менторство на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Таа се претстави со песните „Зајди зајди“ и „Због тебе због тебе“ и освои четири гласа, а со тоа помина во бараж на музичкото шоу.

Марија Шерифовиќ имаше критики за македонската натпреварувачка, а тоа ја изнервира Цеца и настана кавга во музичкото шоу.

– Целокупниот впечаток е дека вие сте неблагодарни. Ова девојка заслужува директно да оди во третиот круг, одговори Цеца, а Шерифовиќ објасни дека „Зајди зајди“ не се пее на тој начин.

-Секоја птица пее со својот глас. Ја слушаш емоцијата, не можеме сите исто да пееме. Што и фалеше на другата песна? Зошто не и даде глас те прашувам на српски?, викаше Ражнатовиќ во студиото.

-Јас сум сигурна дека сите мислиме исто, се потруди, беше океј, но може подобро, објасни Шерифовиќ.

Свој коментар даде и Драган Стајковиќ Босанац.

-Првата песна не знам дали знаете кој ја направил и кој така ја пее? Никој никогаш не го надмина во тој стил. Втората песна беше добра, твојата боја на гласот и изговорот на српски се одлични, тоа мора да се пофали“,изјави композитор.

Мили истакна дека Сања е на добар пат и дека не треба да се грижи во баражот, а тоа го потврди и Ѓорѓе Давид.

Вики Миљковиќ ја пофали втората песна, а за изведбата на „Зајди зајди“ истакна дека е недоволно зрела за нејзините години.

Сања повторно пееше во баражот и помина во третиот круг во музичкото шоу.

Како ќе се подготвува со Цеца и како ќе се претстави на следниот настап на сцената на „Гранд“ останува да видиме.

Најнови вести