четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Згодна мајка и прекрасна ќерка: Синди и Каја блеснаа во полн сјај (ФОТО)

Згодна мајка и прекрасна ќерка: Синди и Каја блеснаа во полн сјај (ФОТО)

Синди Крафорд и Каја Гербер со своите блескави тоалети беа синоним за прекрасно дуо мајка-ќерка на црвениот тепих на настанот „Инстајл авордс 2021“ во понеделникот вечерта.

Секоја година, магазинот InStyle организира настан на кој се доделуваат награди на истакнати жени од областа на модата, филмот, телевизијата и поп-културата.

Додека позираа за фотографите, супермоделите се прегрнаа и им се насмевнаа на снимателите на гламурозниот настан, одржан во „Центарот Гети“ во Лос Анџелес.

За ѕвездената вечер, Синди (55) на себе има шарен фустан „Мисони“, кој ја прегрнува секоја облина на нејзината затегната фигура.

Каја (20), ѕвездата на „Американска хорор приказна“ и девојка од насловната страница на „Вог“, е облечена во бел фустан со потпис на Александар Меквин, прекриен со светки и пердуви.

 

Најнови вести