петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Згодниот син на Драгана Мирковиќ е магнет за жени: Пејачката откри каква снаа сака

Згодниот син на Драгана Мирковиќ е магнет за жени: Пејачката откри каква снаа сака

Големата ѕвезда Драгана Мирковиќ е во среќен брак со Тони Бјелиќ, на кого му роди две деца: ќерката Мануела и синот Марко кој е се попопуларен на интернет.

Иако и двајцата наследници на фолк дивата долго време останаа далеку од очите на јавноста, во последните неколку години станаа исклучително популарни кога почнаа да се експонираат на социјалните мрежи.

Синот на Драгана Мирковиќ е особено популарен меѓу понежниот пол, а тој веќе стана мета и плен на многу млади додворувачки.

Имено, Марко избегнува скандали и води прилично мирен живот, но се држи до своите хоби. Тој е страстен вљубеник во скапи автомобили, особено во Формула 1, а во својата колекција има „Ролс-Ројс“ кој чини 400.000 евра.

-Марко е многу активен на социјалните мрежи каде често споделува моменти од приватниот живот, па заклучивме дека сака да тренира и многу време поминува во теретана, но и дека го наследил талентот за музика на мајка си, пишува магазинот Глорија.

Ако не сте знаеле, и синот на Драгана Мирковиќ компонира и често ја придружува мајка си на настапи. Пејачката не крие колку е горда на својот наследник, а во една прилика се осврна на гласините за него.

-Јас не навлегувам во тоа или не следам такво нешто. Син ми изгледа убаво, и тоа е во ред, но пред се е квалитетен млад човек. И девојките треба да го сакаат. Што се однесува до колешките, не знам. Кој и да влезе во неговиот живот, за мене е апсолутно добредојден, се додека е квалитетен и добар човек, изјави пејачката која исто така додаде дека нема посебни критериуми за нејзината идна снаа, туку дека пред се е важно да биде среќен нејзиниот син.

Најнови вести