вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЖИВОТОТ НА АВИЧИ: Тажна приказна за младоста, славата, богатството и кобниот порок

ЖИВОТОТ НА АВИЧИ: Тажна приказна за младоста, славата, богатството и кобниот порок

На 16 години почнав да правам музика, на 18 првпат отидов на турнеја и од тој момент постојано бев на 100 отсто“, го опиша шведскиот музичар и диџеј Авичи својот ран и нагол пробив на светската музичка сцена во интервјуто за „Холивуд рипортер“ пред две години.

Тим Берглинг (28), како што беше вистинското име на Авичи, вчера беше пронајден мртов во Оман, а неговата портпаролка одби да даде повеќе детали за неговата смрт. Но познато е дека кариерата на музичката суперѕвезда ја следеше зависноста од алкохол, поради што разви акутен панкреатит и во еден момент престана да настапува.

Малку потоа здравствената состојба на музичарот го принудува да се откаже од турнеите. Во 2014 година, лекарите ја отстрануваат жолчката и слепото црево. Неколку години порано, кога е на 21 година, добива дијагнозата акутен панкреатит, најверојатно предизвикан од прекумерно пиење.

„Претерував со забавувањето, не само со пиењето. Тоа ме принуди да ги свртам работите за 180 степени и да се откажам од алкохолот“, вели во свое интервју за „Њујорк Тајмс“ Avicii во 2013 година.

За неговиот живот е снимен докоментарец „Авичи: Вистински приказни“, во кој се забележани моменти од 2013-та до 2016 година па и моментот кога лекарите му соопштиле дека ќе мора да му ја извадат жолчната кеса. Сегмент од документарецот познатиот диџеј сподели и на својот Фејсбук профил, каде напишал: „Многу сум возбуден. Исто така малку сум и нервозен бидејќи има и непријатни моменти. Исклучително е лично. Има многу успони и падови. Ќе биде интересно да видиме што ќе кажат луѓето“.

При таа прилика признал и дека на моменти бил загрижен поради споделувањето на проблеми и борба против стрес, нервоза и болести со светот.

Смртта на Авичи, еден од најплатените светски диџеи кој помогна електронска денс музика да се популаризира во САД, ги остави фановите, колегите, но и целата Шведска во шок.

„Тој беше една од нашите најголеми музички ѕвезди“, изјави шведскиот премиер Штефан Лофвен.

Авичи беше толку омилен, што дури настапи на венчавката на принцот Карл Филип и принцезата Софија.

„Благодарни сме што го познававме, му се воодушевувавме и како музичар и како личност. Тој со својата неверојатна музика ја направи нашата свадба незаборавна“, кажа кралската двојка во заедничката изјава.

Авичи стана суперѕвезда на електронската музика со песната „Нивоа“ во 2011 година, по што продолжи да реди големи радио-хитови и доби две номинации за Греми. Неговата популарност беше на ниво на најголемите светски поп-ѕвезди, хонорарите за настапите му достигнуваа и до 250.000 долари, а во 2016 година, кога се повлече, имал заработка од 28 милиони долари.

„Тој беше првата огромна комерцијална ѕвезда. Навистина стана некој кој не можеше да излезе на улица, затоа што беше премногу препознатлив“, изјави радиоводителот и диџеј Џаџ Џулс.

Со славата дојдоа и личните демони. Легендарниот продуцент Најл Роџерс вели дека бил шокиран кога сфатил колку Авичи пие.

„Ми вети дека ќе престане да пие, но кога настапувавме заедно последен пат, повторно го видов пијан. Бев вознемирен од тоа, ми го скрши срцето“, изјави Роџерс.

„Ова беше лудо патување. Кога ќе погледнам наназад, си велам ‘вау, зарем јас го направив тоа?‘ Тоа беше најдобриот период од мојот живот, но си имаше и цена, многу стрес и анксиозност“, призна Авичи за „Холивуд рипортер“.

Потсетете се на некои од нив… “Wake Me Up”, “Levels”, “Hey Brother” и “Waiting For Love”.

“Wake Me Up”:

“Levels”:

“Hey Brother”:

“Waiting For Love”:

Најнови вести