вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Знае како да ужива по разводот: Еве на која српска пејачка и се залепи Даниел Кајмакоски (ФОТО)

Знае како да ужива по разводот: Еве на која српска пејачка и се залепи Даниел Кајмакоски (ФОТО)

Даниел Кајмакоски се пресели и живее во Белград по разводот од Кристина Димитриевска.

Тој е посветен на својата музичка кариера, а претходната година победи и во шоуто „Твото лице звучи познато“.

Периодов тој присуствуваше на снимањето на новата сезона „Луда ноќ“ која ќе се емитува РТС телевизија.

Надвор од работните обврски, изгледа дека Кајмакоски има време да посветува и јавни настани.

Имено, пред некој ден во Белград во „Комбанк арена“ се одржа примиера на краткометражниот филм „Лудница суботње вечери“.

Овој филм ја претставува женската верзијата на хит комедијата „Мамурлак во Лас Вегас“, а главна улога ја има Кристина Кија Коцкар која се глумаше самата себе.

На премиерата се појавија јавни личности, а меѓу нив и македонскиот Даниел Кајмакоски.

Тие овој момент го овековечија со заедничко селфи кое се најде на „Инстаграм“.

Инаку, на оригиналната фотографија, освен Даниел и Кија, се наоѓа и актерката Сара Камарит.

Нема сомнеж дека Кајмакоски одлично „заплива“ во српскиот џетсет, а на каде ќе го видиме следниот пат останува да видиме.

Најнови вести