Гласините дека Британците војвотката од Сасекс ја гледаат како голем лицемер можат да се слушнат сè почесто, а материјал за таквото мислење таа сама им обезбедила.
Во Вестимтерската опатија во Лондон присуствувале сите членови на кралското семејство, во чест на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, најголемо внимание привлекла токму Меган Маркл, а ниту овој протокол не можел да помине без негативни коментари.
Имено, поради постапката на сопругата на Хари многумина сметаат дека сама си го потврдила лицемерието.
Меган најмногу жали по кралицата?
После кратката служба, членовите од кралскиот дворец ѝ искажале почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстер хол. А, Меган Маркл била забележана како се поклонува пред ковчегот на кралицата. Подоцна не можела да ги скрие солзите. Па, додека на некои од луѓето го изненадила со овој гест, кај други предизвикала голем бес поради бесчувствителниот потег кон кралицата во претходните неколку години.
Точно е дека Мегзит кој го предизвика американската актерка и британскиот принц бил тежок удар за Елизабета Втора, но не треба да се избегне и фактот дека Меган и Хари се обиделе да ја „заштитат“ кралицата од своите обвиненија упатени на кралскиот дворец.
Ѝ оддала почит на кралицата и со накитот
Меган се обидела како и Кејт да ѝ оддаде почит на кралицата, носејќи обетки кои ги добила како подарок од неа. Тој потег наишол на бројни осуди на социјалните мрежи затоа што општо е познато дека британската владетелка со неа имала комплициран однос.
Meghan Markle Wears Earrings Gifted to Her by Queen Elizabeth at London Service https://t.co/BJfjgNBa9F
— People (@people) September 14, 2022
Само некои од коментарите се:
„Бљак, лицемерно“, „Сакам кога е целосно ОК да се појави на жалоста поради промоција, откако повеќе од еднаш ги одби повиците на кралицата да остане во Балморал“, „За овој детаљ (обетките) никој не знаел доколку таа не кажеше“.
Кралицата на дело покажа што мисли за нивните постапки
Парот којшто неодамна се пресели во Америка и се откажа од разни привилегии од кралското семејство, одлучил нивното присуство да биде сведено и без посебно внимание на прославата на Платинестиот јубилеј – седум децении од владеењето на кралицата Елизабета Втора. Тие биле само набљудувачи без никаква должност.
Парадата војници во чест на кралицата ги гледале од прозорецот на Бакингемската палата, а не од терасата со останатите членови од кралското семејство. Тие не биле дел од свечената кралска поворка со кочија. Избегнувале фотографирање на аеродром, а се сугерира дека кралицата испратила автомобили кои би ги донеле од приватниот аеродром.
Појавувањето на терасата од Бакингемската палата било ограничено на членовите на кралското семјество, што значело исклучување на принцот Хари и Меган Маркл, како и принцот Ендру.
Се откажала од должноста, но не и од титулата
Покрај името на Хари секогаш стои титулата His Royal Highness, како и војвода од Сасекс.
Сепак на Меган оставен ѝ е титулата војвотка од Сасекс затоа што тоа било дар од кралицата Елизабета Втора по повод венчавката. Хари минатата година кажал дека по напуштањето на кралската должност ќе се откаже од титулата, но очигледно се откажуваат само од она што не им чини.
„Скромен“ луксуз
По шокантните изјави на Меган и Хари во текот на интервјуто кај Опра Винфри во светот се коментираше многу за кралското семејство. Имено, војвотката од Сасекс особено привлекла внимание со тоа што сака автентичен и скромен живот.
Но, својата контрадикторност ја покажа на дело. Додека зборувала за нормалното секојдневие на неа само накитот којшто го носела вредел илјада евра, а водителката ја прошетала низ вилата во Калифорнија која чини над 15 милиони долари.
Нејзиното парадоксално однесување не е реткост, зар не?