Семејната куќа на пејачот Шабан Шаулиќ од неделата 17 февруари е завиена во црно, а тагата се чувствува во целото маало каде што живее пејачот.
Вчера во текот на денот во домот пристигнаа и двете сестри на пејачот, а едната од нив не можеше да ги задржи емоциите.
-Што не умрев јас?, Зошто Бог не ме зема мене, туку него?, плачеше сестрата пред домот на Шаулиќ.
Инаку вчера во текот на денот во семејниот дом на пејачот пристигнаа голем број на естрадни ѕвезди да изразат сочувство на семејството.
ФОТО: Телеграф.рс/ А.Налбантјан