недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Зошто замокот во Шкотска и беше омилен на кралицата – за него велат дека е најубавото место на планетата земја, има посебно значење за неа (ФОТО)

Зошто замокот во Шкотска и беше омилен на кралицата – за него велат дека е најубавото место на планетата земја, има посебно значење за неа (ФОТО)

Кралицата Елизабета Втора попладнево почина во замокот Балморал во Абердиншир, Шкотска – едно од нејзините омилени места.

Елизабета патуваше до имотот секое лето и обично ѝ се придружуваа и други членови на семејството.

Оние кои ги посетиле зборуваат за семејните скари што се одржуваат на имотот, каде што готвел војводата од Единбург, а кралицата ги миела садовите.

Откако Филип и принцезата Елизабета се венчале во 1947 година, тие поминале дел од својот меден месец во големата ловечка куќа на имотот.

Принцезата Евгенија, внуката на кралицата, еднаш го опиша Балморал како најубавото место на планетата.

– Прошетки, излети, кучиња, многу кучиња, секогаш има кучиња, а луѓето постојано влегуваат и излегуваат – рече таа.

Замокот ѝ бил предаден на кралицата преку генерации кралски семејства откако принцот Алберт го купил за кралицата Викторија во 1852 година.

Најнови вести