петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Зурли и тапани дома кај македонската ријалити ѕвезда: Елеонора Миљковиќ по свршувачката направи и веридба (ФОТО)

Зурли и тапани дома кај македонската ријалити ѕвезда: Елеонора Миљковиќ по свршувачката направи и веридба (ФОТО)

Еден месец откако македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ се врши откако беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска, викендов направи и веридба.

Во друштво на најблиското семејство, македонската убавица го истера стариот адет, свршеникот со родителите да дојде во домот на идната невеста и да ја официјализира свршувачката, па кај Нора дома свиреа зурли и ечеа тапани.

Идната снаа облечена во кус модерен свечен фустан во нежно-светла јоргован боја, налик на невстински, иако тоа не е, зашто Нора невеста допрва треба да биде. Идниот младоженец дотеран кежуал, стокмен покрај невестата, која од неговите родители беше богато дарувана.

Свекорот на неформалната снашка околу вратот и закачи златна огрлица како бакшиш од него и свекрвата.

Таа пак на идната сопруга на нивниот син на раката и закопча златна брезлетна.

Така дарувана Еленора заврши во нивните прегратки, а заедничката фотографија за спомен секако беше неизоставна.

И со свекорот и свекрвата и секако со мама и тато…

Онаа која не пропушти да и ја честита веридбата беше и нејзината помала сестричка Мила, која полека исто така прераснува во вистинска убавица која претендира да ја надммине својата повозрасна и попозната сестра која со едната нога тукушто зачекорува во брачниот живот.

Софрата се разбитра оддамна подготвена, сватовите уште пред да дојдат, а откако церемонијата на даравуње на снашката заврши, тука е музиката.

Важно е да е весело, да се игра, да се пее, да се пие, оро да се вие…

Највесели, очекувано идната невеста и нејзината атрактивна мајка… Не само што први заиграа и ја кренаа атмосферата, туку згодната домаќинка прва и ја даруваше музиката со по некоја банкнота… Евра или денари, сеедно. Свирачите за кусур не фаќаат, ниту пак кусур враќаат.

А кога сме пак кај сватовите, зетот прв се фати на оро… Чедо на мајка, за брачниот живот да му биде весел и убав како од бајка, се фати за паричникот да плати, па со некоја илјадарка и тој го закити тапанот… А потоа и се качи на него, да заигра од повисоко!

Конечно и невестинската торта со две испреплетени раце и бурмите на нив, дојде на ред.

Веридбата и забавата траела до длабоко во ноќта, а идните млади сега ги очекува и она последното…

Најсвечениот чин, стапувањето во брак и брачната заклетва со потпис… И пред Бога и пред државата. Сепак, денот на свадбата Елеонора се’ уште не го открила и јавно обзнанила. Дали ќе биде наскоро или догодина, дали има нужна потреба од брзање или ќе се почека, знаат само тие младите и евентуално нивните најблиски.

Како и да е, нека им е честита и од нас веридбата, среќни да се довека!

Најнови вести