недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Академијата побарала од Вил Смит да си замине од Оскарите, актерот одбил

Академијата побарала од Вил Смит да си замине од Оскарите, актерот одбил

Откако во понеделник започнаа истрага по инцидентот на доделувањето на Оскарите, од Академијата за филмска уметност се огласија по првпат.

Тврдат дека по инцидентот со Вил Смит и Крис Рок, го замолиле актерот да ја напушти церемонијата, но тој одбил, пишува Би-Би-Си.

-Го замоливме господинот Смит да си замине, но тој одби. Признаваме дека можевме ситуацијата да ја решиме на друг начин, велат од Академијата.

Додаваат дека покрената е дисциплинска постапка бидејќи Смит ги прекршил стандардните правила за однесување на Академијата. Тоа вклучува закани, непримено однесување и нарушување на угледот на Академијата.

Првите постапки против добитникот на Оскар би можеле да бидат преземени на следниот состанок на одборот на Академијата закажан за 18 април годинава. Вил Смит може да се соочи со суспензија, исфрлање и други казни.