сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Брус Вилис ја завршува актерската кариера поради болест

Брус Вилис ја завршува актерската кариера поради болест

Човекот кој беше на листата 100 највлијателни луѓе во филмот, Брус Вилис одлучи да ја заврши актерската кариера поради болест, потврди неговото семејство.

Холивудскиот актер Вилис (65) имал потешкотии со памтењето на текстовите, односно дијалозите. Иако првично многу негови обожаватели состојбата ја опишуваа како резултат на мрзеливост, актерот всушност има афазија.

На почеток од месец во медиумите се шпекулираше дека Вилис се бори со деменција и дека тоа е причината зошто прифатил многу улоги во помали филмови бидејќи не е сигурен уште колку долго ќе може да игра. Сега се е јасно.

Во официјалното обраќање до јавноста, семејството потврди дека Брус боледува од афазија која влијае на неговите когнитивни способности.

-На нашиот сакан Брус му е дијагностицирана афзија. Поради ова тој се повлекува од кариерата која толку многу ми значи. Ова е предизивик за него и за целото семејство. Благодарни сме за вашата поддршка и љубов. Заедно продолжуваме како семејство, стои во објавата.

Афазија се одразува на губење или пореметување на веќе стекнатите јазични способности, а предизивикана поради повреда на мозокот. Повредите на мозокот често знаат да се јават како последица на мозочен удар, но и по физичка повреда, тумор и други помалку чести причини.

Освен со јазичните проблеми, во афазијата може да се јават и проблеми со доживување на опкружувањето, концентрација, помнење, свесно делување. Лицата со афазија не можат да извршуваат две работи во исто време.