Во новиот трејлер за долгоочекуваниот филм за Џејмс Бонд „Нема време да умре“, се навестува дека агентот 007 ќе биде жена – и тоа црнокожа. Станува збор за актерката Лашани Линч која ќе биде агент 007 додека пензионираниот Џејмс Бонд одмора на Јамајка.
Извор од сетот за странски медиуми потврди дека Бонд е сè уште Бонд, но како 007 тој беше заменет со зачудувачка жена. Бонд е сексуално привлечен од новиот агент 007 и се обидува да ја заведе, но тој е збунет бидејќи неговите трикови не му одат во прилог, таа само превртува со очите и не се интересира за него. Барем не на почетокот.
Загрижените обожаватели едвај ја поднесо веста дека улогата на легендарниот агент 007 ќе ја преземе една жена. Всушност, тие се толку загрижени што со денови постојано ја навредуваат Лажани, па затоа актерката ги избриша своите социјални мрежи.
Во интервју за „Harper’s Bazaar“, британската актерка призна дека морала да ги избрише Инстаграм и Твитер, за да избегне „токсични навреди“ по објавувањето на трејлерот.
„Јас сум една црна жена што ја доби оваа улога. Ако на која било друга црна жена и беше дадена оваа можност, резултатот ќе беше истиот. Луѓето дефинитивно би ја навредувале“, изјавила актерката за споменатите медиуми.
„Морам да се потсетам дека сум дел од оваа приказна и дека учествувам во нешто што еден ден ќе се смета за револуционерно“, рече таа.
Филмот ќе биде премиерно прикажан во април 2021 година, откако неколку пати беше одложуван поради пандемијата на коронавирус.
Приказната за темнокожата актерка која го игра легендарниот агент 007, доаѓа во година во која масовните антирасистички протести ги потресоа сите 50 држави на САД, поради убиството на Џорџ Флојд.