недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Даниел Крег објасни зошто филмовите за Џејмс Бонд треба да се гледаат само во кино

Даниел Крег објасни зошто филмовите за Џејмс Бонд треба да се гледаат само во кино

Актерот последен пат го играше Бонд во филмот „Нема време за умирање“

Даниел Крег тврди дека франшизата за Џејмс Бонд не треба да се префрла на стриминг сервисите, велејќи дека франшизата треба да остане во кината.

Актерот изјави дека пријавениот предлог на Амазон за снимање на спин-оф филмови за Бонд може да биде катастрофа за кината, велејќи дека франшизите треба да останат на големото платно.

Даниел, кој последен пат го глумеше Бонд во филмот „Нема време за умирање“, тврди дека се додека има филмови за настани што го привлекуваат целото семејство, кината имаат шанса да преживеат.

– Една од најголемите работи што се случи беше што го ставивме овој филм во кината, таму и треба да бидат филмовите за Бонд. Не изгледаат добро на телефон. Изгледаат одлично на на Imax екран – изјави актерот за „The Sun“.

Не е првпат Даниел да зборува за важноста на киното, велејќи дека се надева дека објавувањето на филмот „Нема време за умирање“, кој е 25-ти филм во франшизата, ќе ја поттикне индустријата, пренесува „Дејли Мејл“.

Во септември тој изјави: „Киното е тука да остане што се однесува до мене, и ако можеме на некој начин да помогнеме, ќе бидам многу среќен“.

Со него се согласи и филмскиот продуцент за Бонд филмовите, Барбара Броколи.

– Мислам дека нема подобро место за собирање од киното. И се надеваме дека ова ќе биде радосно враќање за луѓето да се видат со своите пријатели и семејства за да го гледаат филмот и повторно да се забавуваат, по многу долг и тежок период – рече еднаш Броколи.