Актерот Даниел Редклиф, кој се прослави со улогата на Хари Потер во истоимената франшиза, изјави за Њујорк Тајмс дека „во моментов не е заинтересиран“ да биде дел од потенцијалната адаптација на „Хари Потер и проколнатoто дете“ на Бродвеј.
Сепак, тој не ја исклучи целосно таа можност кога е во прашање иднината.
– Никогаш нема да кажам „никогаш“, рече Редклиф.
– Актерите кои играа во „Војна на ѕвездите“ имаа 30 и 40 години пред да се вратат на улогите. За мене, поминаа десет години. Но тоа не е нешто за кое што сум моментално заинтересиран, истакна тој.
Оваа можност се појави кога Крис Колумбус, режисерот задолжен за „Хари Потер и каменот на мудроста“, изјави дека е заинтересиран да направи филмска верзија на „Хари Потер и проколнатото дете“.
Меѓутоа, доколку таа желба му се исполни, тешко дека повторно ќе соработува со Редклиф.
– Моментално сум во моментот од мојот живот кога чувствувам дека завршив со Потер и навистина сум среќен со тоа каде сум сега, а враќањето на тој проект би значело големи промени во мојот живот, заклучил актерот.