петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Даниел Редклиф открива дали ќе игра во серијата „Хари Потер“

Даниел Редклиф открива дали ќе игра во серијата „Хари Потер“

Фановите на Хари Потер беа воодушевени на почетокот на оваа година кога беше објавена веста дека легендарната франшиза за волшебници ќе се врати во форма на ТВ серија.

Даниел Редклиф сега конечно го прекина молкот за тоа дали ќе се појави во новата серија.

-Колку што сфатив тие се обидуваат да почнат од почеток и сигурен сум дека кој и да ја прави серијата ќе сака да остави свој белег на тоа, веројатно нема да мора да смислуваат начини како да го натераат стариот Хари да биде дел од нешто, вели Редклиф за ComicBook.com.

Фановите можеби ќе треба да се откажат од секаква надеж дека ќе го видат триото Хари, Рон Визли (Руперт Гринт) и Хермиона Гренџер (Ема Вотсон) повторно обединети бидејќи Даниел Редклиф потврди дека нема да се појави.

-Дефинитивно на ниту еден начин не го барам тоа. Но, им ја посакувам сета среќа на светот, истакна актерот.