Џилијан Андерсон ги демантираше гласините дека шефовите на серијата „The Crown“ биле „принудени да го преработат сценариото“ по нејзиното заминување.
Актерката (54) која во драмата ја играше премиерката Маргарет Тачер, нема да се врати за продолжението.
Претходно се тврдеше дека невраќањето на Џилијан е „удар“ за продукцијата, а The Sun објави дека продуцентите морале да направат промени.
Џилијан Андерсон се огласи на Твитер и со два збора демантираше се.
„Апсолутна глупост“, напиша актерката.
Absolute bollocks https://t.co/MBh4XdzruD
— Gillian Anderson (@GillianA) April 10, 2023
Коментарот на Андерсон доаѓа по информациите дека продуцентите на серијата „The Crown“ на Нетфликс се во хаос откако не успеале да ја вратат Џилијан за претстојното продолжение.
И покрај тоа што доби Еми за најдобра споредна женска улога за улогата, се тврди дека „проблеми со распоредот“ значи дека таа нема да ја повтори улогата.
„Џилијан Андерсон никогаш немаше намера да се врати како Маргарет Тачер“, изјави портпаролот на актерката за MailOnline.
Се тврди дека во оригиналното сценарио се планирало во серијата да се рекреира вечера приредена од кралицата и нејзиниот сопруг Филип, на која присуствувале Маргарет Тачер, принцезата Ана и други, пишува Дејли Меил.