Нови фотографии од снимањето на филмот „Џокер 2“ ги прикажуваат Лејди Гага и Хоакин Феникс како му помагаат на колега кој паднал по „култните“ скали во њујоршката општина Бронкс.
Пејачката-глумица во мигот на инцидентот е облечена и нашминкана како антихероината Харли Квин. Се чини, човекот не е сериозно повреден. Несреќата ги принуди неа и Феникс (Џокер) кусо да ја прекинат сцената и да му помогнат на човекот да се качи по главните скали пред да продолжи снимањето.
Продолжението на психолошкиот трилер е во режија на Тод Филипс, кој го напиша и сценариото со Скот Силвер. Прикажувањата се закажани за идната 2024 година. Лејди Гага ја глуми антихероината на „Ди-си комикс“. Меѓу глумиците кои претходно го толкуваа овој лик кој се вљубува во (не)славниот антагонист Џокер, се Марго Роби и Кејли Куоко. (МИА)