недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Дизни објави кога ќе се прикажува новиот „Кралот лав“: Познати и детали за филмот

Дизни објави кога ќе се прикажува новиот „Кралот лав“: Познати и детали за филмот

Проектот ќе го води режисерот Бери Џенкинс

Компанијата Дизни објави дека новиот „Кралот лав“ ќе излезе во 2024 година.

Се вика „Муфаса: Кралот лав“, а е приквел на филмот од 1994 година и неговиот римејк од 2019 година, пишува „Index.hr“.

Според „The ​​Wrap“, режисерот, добитник на Оскар, Бери Џенкинс се појавил на изложбата D23 за да разговара за неговите планови за новиот Крал Лав.

Џенкинс вели дека филмот ќе ја раскаже приказната за тоа како таткото на Симба, Муфаса, станал крал и покрај тоа што немал кралска крв.

Ќе добиеме и увид во неговата тешка младост и како бил принуден да расте сам.

Еве како Дизни го најави излегувањето на новиот „Кралот лав“: