вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Доделени наградите на „Киненова“

Доделени наградите на „Киненова“

Филмот „Блискост“ на Кантемир Балагов е добитник на најградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм на фестивалот „Киненова“. Одлуката трите награди на фестивалот на бидат доделени само на еден филм ја донесе меѓународното жири на чело со турскиот маестро Зеки Демиркубуз, заедно со Росица Валканова и Лазар Секуловски.

-Жирито се одлучи да ги даде трите награди на само еден филм, бидејќи потполно се истакна со својот храбар пристап во сите овие аспекти. За импресивниот кастинг за големото артистично и длабоко вистинито раскажување, за емотивниот импакт наградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм одат за „Блискост“ од Кантемир Балагов, велат во својата одлука членовите на жирито.

Жирито оддаде Специјално признание за филмот „Без датум и потпис“ од Вахид Џалилванд, за мајсторскиот и минималистичен начин на кој раскажува една комплексна приказна.

Вечерва во 20 часот се заокружи официјалниот дел од програмата на третото издание на „Киненова. Заради технички проблем, кино „Милениум“ не беше во можност да овозможи да се реализира завршната вечер, па затоа таа се одржа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

На затворањето беше прикажан филмот „Ага“, фантастичниот филм на бугарскиот режисер Милко Лазаров, визуелен спектакл кој го затвори годинашното Берлинале, а ја доби и главната награда во август на Сараевскиот филмски фестивал, „Срцето на Сараево“.

Следните два дена во „Кинотека“ финишираат останатите филмски програми.

МИА