недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Две децении сите го бараат одговорот на ова прашање за „Титаник“: Еве зошто Џек остана во студениот океан

Две децении сите го бараат одговорот на ова прашање за „Титаник“: Еве зошто Џек остана во студениот океан

Во познатиот филм Титаник кој е снимен во 1997 година, сцената во која Леонардо Ди Карпио и Кејт Винслет се наоѓаат во вода откако бродот потонува, го наметна вечното прашање на кое неодамна одговор даде пејачката Селин Дион, која ја испеа носечката песна за филмот.

Имено, голем дел од оние кои го гледале филмот се прашува зошто Џек (Леонардо) не успеал да легне покрај Роуз (Кејт) на вратата која плови и така да се спаси.

Селион Дион во емисијата на Џими Фалон даде одговор на ова прашање.

-Немој да ме ставаш во непријатна позиција. Што ако планираат да снимат продолжение на филмот? Прво, ако малку подобро ја погледнете ситуацијата, Роуз е можеби мртва или смрзната и не е целосно свесна за ситуацијата. Второ, на него не му треба покана да се качи, изјавила пејачката.

На ова прашање со години се бара одговорот, а неколку пати прашањето му било поставено и на режисерот Џејмс Камерон.

-Мислам дека навистина е смешно да ја водиме оваа дискусија 20 години подоцна, иако тоа покажува дека филмот бил влијателем бидејќи голем број луѓе се повредени од смртта на Џек. Да преживееше филмот немаше да има смисла. Сепак тука се работи за смрт и одвојување. Мораше да умре, заклучува режисерот.