понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Двете беа бебето Ема во „Пријатели“: Како изгледаат близначките кои ја толкуваа улогата на ќерката на Рос и Рејчел? (ФОТО)

Двете беа бебето Ема во „Пријатели“: Како изгледаат близначките кои ја толкуваа улогата на ќерката на Рос и Рејчел? (ФОТО)

Обожавателите останале во шок откако сфатиле дека ликот на Ема од омилената ТВ серија “Пријатели” следната година треба да наполни 18 години.

Таа беше најмлада, но и една од најслатките членови на актерската екипа на популарната серија “Пријатели”. Станува збор за ќерката на Рејчел и Рос, Ема, која всушност ја толкуваа денес 17 годишните близначки Ноел и Кали Шелдон.

“Значи, ја гледав Пријатели синоќа, епизодата во која Рос снима видео за 18 роденден на Ема и во која Чендлер вели: “Здраво Ема, сега 2020. Дали веќе се разбуди од попладневниот сон?”, и тогаш се сетив дека следната година ќе биде 2020. Ема следната година ќе наполни 18 години”, напиша еден од обожавателите на Твитер и покрена лавина на коментари.

Неговата објава заработи повеќе од 50.000 лајкови и сите избезумиле поради фактот што поминале толку години од нивната омилена серија.