-Бродвејската заедница ми е драга на срцето и бескрајно сум горд што ќе бидам дел од оваа посебна ноќ, изјави Корден.
Тони театарските награди во 2016 година, кога исто така, беше домаќин, ги засени масовниот масакр во геј-клуб во Орландо, па уметникот тогаш говореше за разноликоста на Бродвеј, истакнувајќи дека „театарот е место каде што припадници на сите раси, вери и сексуални ориентации се еднакви и сакани“, и дека „омразата никогаш нема да победи”.
Корден и самиот е добитник на Тони за најдобар глумец за претставата „Еден слуга, двајца господари“ во 2012 година.
Номинациите ќе бидат објавени на 30 април, а тричасовната свеченост ќе се одржи на 10 јуни во њујоршката сала „Рејдио сити мјузик хол“. (МИА)