среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ѕирнете во трејлерот за долгоочекуваниот „Матрикс 4“ (ВИДЕО)

Ѕирнете во трејлерот за долгоочекуваниот „Матрикс 4“ (ВИДЕО)

Филмот „Матрикс 4“ (The Matrix Resurrections)конечно го доби својот прв тизер трејлер. Имено, според првите снимки, гледаме дека ќе има многу акција, како и во претходните делови.

Засега не е познато за што се работи во новото остварување. Познато е дека во ова продолжение ќе го видиме стариот тим, предводен од Кијану Ривс, кој го толкува ликот на Нео, како и актерката Кери Ен Мос, која го толкува ликот на Тринити.

Во филмот „Матрикс 4“ играат и Џејда Пинкет Смит, како Ниобе, Ламберт Вилсон, како Меровингјан, како и Даниел Бернхард како агентот Џонсон.

Режисер на овој филм е Лана Вачковски. Филмот треба да се прикаже во кината на крајот на годината, од 22 декември 2021 година.

До тогаш, погледнете го трејлерот: