среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Фановите на „Аватар 2“ ќе се израдуваат на оваа вест

Фановите на „Аватар 2“ ќе се израдуваат на оваа вест

На Саемот за потрошувачка електроника 2020 во Лас Вегас, режисерот Џејмс Камерон ги претстави првите снимки од својот филмски хит „Аватар“ од 2009 година. Сликите од претстојниот филм потоа беа објавени и на Твитер-профилот на филмовите.

„Во новите продолженија на ’Аватар‘ нема само да се вратите на Пандора – ќе истражите и нови делови на светот“, стои во описот.

Во коментарите потоа имаше и позитивни одговори, но и критики околу тоа зошто толку долго се чека на вториот и на другите делови од филмот. Камерон го режира и вториот дел. Снимањето на „Аватар 2“ беше неколкупати одложувано, па така последниот датум на премиерата е 21 декември 2021 година.

Другите продолженија се најавени за 2023., 2025. и 2027 година.

Зои Салдана, Сем Вортингтон, Стивен Ленг и Сигурни Вивер ќе ги повторат улогите и во вториот „Аватар“-филм.