понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Фановите разочарани од „Игра на тронови“, па се огласи Џорџ Мартин

Фановите разочарани од „Игра на тронови“, па се огласи Џорџ Мартин

Последната сезона воопшто не ги одушеви фановите на серијата „Game Of Thrones“, а еве што мисли за неа и авторот на книгите според кои е снимена серијата.

Многу фанови сакаат да го дознаат ставот на Џорџ Мартин за последната сезона со оглед на тоа што дејството по петтата книга почна да се развива во своја насока.

-Комплексно е, малку сум тажен. Би сакал да имавме повеќе сезони, но разбирам. Дејвид и Ден имаат други проекти, а сигурен сум дека и актерите кои имаа договори на седум или осум години би сакале да глумат и во други улоги. Сето тоа е фер, не сум лут, ниту нешто слично, но останува некаква празнина во мене, вели тој за Rolling Stone.

Прашањето што мисли за дејството кое во серијата се разликува од она во книгите, тој вели:

„Се разбира дека емотивно реагирав. Дали посакувам да направеа како што сакав јас? Се разбира. Но, постои и друга страна. Јас порано адаптирав дела на други луѓе и тоа не го правев баш како што тие го замислуваа. Мораше да има некои промени бидејќи бев спор со пишувањето. Навистина со тоа требаше да завршам пред 4 години, можеби приказната сега ќе беше поинаква. Сега имам две варијанти на иста приказна или многу слична, исто како и во секоја адаптација“.

На неговиот блог, во објава по крајот на серијата, тој најави каков крај ќе добие приказната во книгата. Тој порача дека крајот во книгата ќе биде сосем поинаков од оној во серијата.

-Постојат ликови кои никогаш не се појавија на екранот, како и оние кои во серијата умреа, а во книгата сè уште се живи, објаснува тој.