четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Фановите шокирани од причината поради која Саманта одбила да биде дел од „Сексот и градот 3“

Фановите шокирани од причината поради која Саманта одбила да биде дел од „Сексот и градот 3“

Неодамна дознавме дека во третиот дел уште во првите пет минути умира еден од омилените ликови на женската публика, а сега протекоа информации за сценариото во продолжение на филмот.

Откриено е дека Ким Катрал всушност ја одбила улогата, не поради расправија со Сара Џесика Паркер, туку поради лошото сценарио.

На Саманта, која ја толкува Катрал, наводно ѝ е доделен непримерен детаљ, кој се однесува на 14-годишното момче, синот на Миранда Хобс, која ја толкува Синтија Никсон.

Еве што конкретно требало да се случи:

-Бреди, 14-годишното момче, било предвидено да биде фатенo за време на мастурбација, а потоа требало да ѝ прати многу непристојни слики на Саманта, пренесува „E! News“.

Ова било навистина несоодветно дури и за слободоумната Саманта Џонс.